Матео Софијановски од тимот на Македонија ЃП ќе добие дополнителен повик за У21 репрезентацијата на Македонија.
Играчот за врска на „Лавовите“ ќе се придклучи денеска на нашиот младински состав, пшо повод тренинг кампот кој стартуваше денеска и во чии рамки ќе одиграме две пријателски средби со селекцијата на Косово.
Селекторот Канатларовски на овој собир се одлучи за репрезентативци родени 2004/05 генерација која што нормално ќе има право за настап на следните квалифиакции.
Софијановски е во добра форма сезонава и е сериозна ипција во таборот на Македонија ЃП.










