Во балканското НБА дерби, Никола Јокиќ и Денвер Нагетс во драматичен финиш ги победија Лука Дончиќ и Далас Маверикс со 122:120.
Јокиќ одигра уште една сензационална партија. Со 13/21 шут од поле постигна 37 поени. Ги погоди сите три тројки, а перфектен 8/8 и од слободни. Јокиќ постигна 11 од последните 16 поени на Денвер. Тој беше убедливо најдобар скокач (18) и додавач (15) на натпреварот, а додаде и три украдени топки. Ова е шести трипл-дабл за Јокиќ во само десет натпревари оваа сезона.
Севкупно, ова беше 136-ти трипл-дабл учинок за Сомборац во кариерата. Тој е четврти на вечната листа со 22 трипл-дабл повеќе од Леброн Џејмс. Легендарниот Меџик Џонсон има само два повеќе од Јокиќ и прашање на време е кога српскиот центар ќе го престигне на третото место.
Вториот е Оскар Робертсон, легенда од 1960-тите и 1970-тите кој има 181 трипл-дабл. На самиот врв е сегашниот соиграч на Јокиќ, Расел Вестбрук со 199 трипл-дабл.










