Сане може да остане во Баерн, но само ако прифати многу помала плата

140

Иднината на крилниот напаѓач Лерој Сане во Баерн (М) останува под знак прашалник, бидејќи актуелниот договор му завршува на крајот на сезоната.

Според новинарот на германскиот Скај, Флоријан Плетенберг, Сане и Баерн Минхен се оптимисти за новиот договор, но има некои работи кои мора да бидат исполнети. Во прв ред, за да потпише нов договор, Сане ќе мора да прифати кратење на платата од околу 2-4 милиони евра годишно.

Според актуелниот договор Сане може да заработи и до 20 милиони евра во идеална сезона, што за Баерн е премногу за нова соработка.

ПретходноИако е на меч до рекорд: Напаѓачот на Шкупи не е повикан за мечот со Македонија
СледноАлександер Арнолд не е потешко повреден