Дејвис конечно одлучи, ќе го облече дресот на Реал

166

Канадскиот репрезентативец Алфонсо Дејвис ја игра последната сезона за Баерн Минхен, бидејќи конечно постигнал договор со Реал Мадрид.

Информациите кои доаѓаат од Шпанија велат дека Дејвис ќе го напушти Баерн летово како слободен играч и конечно ќе го облече дресот на „кралевите“. Трансфер сагата меѓу канаѓанецот и Реал траеше долго време, но по се изгледа дека Дејвис ќе биде новиот лев бек на мадриѓани.

Дејвис пристигна во Минхен во 2019 година од Ванкувер како голем талент. Заедно со германскиот великан освои пет титули во Бундеслигата, но стана и европски шампион во 2020 освојувајќи ја Лигата на шампионите.

ПретходноГаздата на АЕК дава 300.000 евра ако Грција ја победи Англија
СледноЧаби им кажал на „фармaцевтите“ дека на лето си оди