Јакимовски одличен против Кал Стејт (ВИДЕО)

105

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски забележа 17 поени за само 20 минути минати на терен во рутинската победа на неговиот колеџ тим Колорадо Стејт против Кал Стејт. Конечниот резултат гласи 83:53, а Јакимовски одигра само полувреме со оглед на огромната предност уште во тој сегмент од мечот.

Јакимовски забележа пет тројки на што надодаде и три скока и една асистенција. Откако ги промени колеџ боите, односно замина во Колорадо, Јакимовски одлично се снајде и е најдобар играч на овој тим.

 

ПретходноАтанасов: Ќе оставиме срце на терен за Македонија (ВИДЕО)
СледноМакедонија со тест против Косово