Милевски: Ова е тим кој победува и со дефанзива и со офанзива

136

Она што го посакуваме тоа и го добивме вечерва на Арената Тодор Проески во Скопје. Победа над Летонија и заверка на лидерската позиција на табелата во Лигата на Нации.
Не беше лесно, напротив, мораше да се помачиме за да дојдеме до оваа минимална победа од 1:0, но очигледно така е послатко. Ни се посреќи позицијата на Никола Серафимов, инаку стопер по вокација, во противничкиот шеснаесетник во 57. минута во која дефанзивецот одлично се снајде и погоди за водство. Доволно истото да биде преточено во победа половина час подоцна. Летонија се покажа како квалитетен противник но очигледно дека на овој противник му набиваме комлекс, затоа што во серија го победуваме како на домашен така и на гостински терен.

„Честитки за фудбалерите, истрајноста, трпеливоста. Поразличен меч одколку оној во Рига. Тешко е да се пробие бедем од 11 играчи. Но едноставно момците беа решени да го добијат овој меч, имавме шанси да го добиеме и порано овој меч. Направивме корекции на сред меч, имавме проблеми и жал ми што Елиф Елмас не можеше да го заврши мечот. Горд сум што и во таква ситуација, со повреда на задната ложа Елиф инсистираше да игра. Тоа покажува карактер каков што ретко се наоѓа кога станува збор за Елмас. – изјави селекторот Милевски, па додаде.

„Кога некој се брани вака како Летонија, тешко доаѓаат до израз напаѓачите. Сепак, ние успеавме да ја постигнеме целта. Одрбаната секако на ниво. Повторно не примивме гол. Требаше да ги пробиеме, а после беше полесно. Во целина се победува и во целина се губи. Секој мора да се стави во функција на тимот за да функсионираме како што треба. Со евентуалната победа против Фарски Острови ќе имаме привилегија по втор пат да бидеме дел од баражите за светско. Прво и основно е да се освојат тие три бода. Ќе биде уште потешко од колку денес. А дури потоа ќе гледаме кон она рангирање за подоцнежните фази од натпреварувањето“ – изјави селекторот Милевски.

 

 

ПретходноЦрвена Звезда испушти победа против Асвел
СледноВо недела: Ноќна атлетска трка во Скопје