Италија ја одбрани титулата во Дејвис Купот

29

Италијанската тениска репрезентација втора година по ред го освои Дејвис купот.

Во финалето во Малага, „аѕурите“ ја совладаа Холандија со 2-0 и станаа 17-та земја која го освои најголемиот трофеј во светот, популарната „салатара“. Рекордери се Американците со 32 титули

Италија е исто така само петтата земја која ги освоила и Дејвис купот и Купот на федерацијата во истата година. Претходно тоа им успеа на репрезентациите на САД, Австралија, Чешка и Русија.

Решавачката победа за својата земја ја донесе најдобриот светски тенисер Јаник Синер, кој за час и 34 минути го совлада Талон Грикспор со 7:6 (2), 6:2.

ПретходноЈончевски: Имавме само четири скока што е катастрофално за еден ваков меч!
СледноБорец не можеше и против Штип УГД, фаворитките без грешка