Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа, денеска имаше успешен настап на турнирот во Селва Гардена (Италија). Македонската тенисерка во меч од 1/8 финалет успеа да ја победи Амарна Бенкс од В. Британија со 2:1 во сетови.
Лина го загуби првиот сет со 5:7, но затоа во продолжение од мечот беше на своето ниво и со 6:3 и 6:2 во гемови ги доби вториот и третиот сет и со тоа дојде до победа од 2:1.
Утре Лина за пласман во полуфиналето ја чека меч против Американката Грант.