МЗТ Скопје дојде до шестата победа оваа сезона, откако на домашен терен потешко од очекувањата го совлада Кожув со 69-63 во меч од осмото коло. Актуелниот македонски првак благодарение на добрата игра во третата четвртина успеа да дојде до целиот плен.
Гевгеличани на одморот водеа со 35-40, но „сино-белите“ по одморот влегоа многу подобро во мечот, третата четвртина ја добија со 22-14 и тука го направија важниот чекор кон бодовите.
Браќата Војдан и Дамјан беа лидери со по 13 поени, со тоа што првиот имаше дабл-дабл, додаде 12 скока, додека пак Дамјан зад своето име имаше 8 скока. На другата страна Пилепиќ запиша 21 поен, Стевановиќ имаше 18 поени.
МЗТ Скопје има скор од шест победи и три порази, додека на другата страна Кожув го запиша четвртиот пораз, има исто толку победи.