Норис му ја врати победата на Пјастри!

93

Во рамките на спринт трката за ГН на Катар, последна за оваа сезона, еден-два победа за тимот на Мекларен. Откако Макс Верстапен во Лас Вегас ја потврди новата титула во Формула 1, викендов на Лусаил патеката во Катар, ќе се вози само за престиж.

Ова го искористо Оскар Пјастри кој победи на спринт трката и тоа по заслуга на својот клупски колеа Ландо Норис кој водеше во текот на целата трка, но на крајот му пушти на Пјастри да победи. Ова беше враќање за тоа што се случи во Бразил кога улогите беа различни.

Како трет заврши Џорџ Расел на Мерцедес.

Денеска од 19 часот се возат квалификациите за утрешната трка за ГН на Катар.

ПретходноЈа нема веќе магијата на Флик: Барселона шокирана од Лас Палмас!
СледноХерера во тимот на колото во Лигата на Конференции! (ФОТО)