ФФМ официјално потврди: Одложени натпреварите од 17.коло во ПМФЛ!

441

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука за одложување на натпреварите од 17. коло во Прва МФЛ кои според програмата за натпревари требаше да се одиграат на 1. декември (недела) со почеток во 13:00 часот. 

Одлуката е донесена согласно препораките на Министерството за Внатрешни работи поради неодамнешните случувања и настани и спречување на било каков вид на насилство и недолично однесување на спортските натпревари.

Комисијата за натпревари ги презакажа одложените натпревари од 17. коло во Прва МФЛ за 3. декември (вторник) со почеток во 13:00 часот. 

Visited 1 times, 1 visit(s) today
ПретходноМакедонија ја победи Црна Гора во пријателски натпревар!
СледноЈа нема веќе магијата на Флик: Барселона шокирана од Лас Палмас!