Евро 2024: Скандинавското дерби за Норвешка, Црна Гора немоќна против Унгарија

68

Ракометарките на Норвешка го добија големото скандинавско дерби со Данска на стартот на втората фаза од натпреварите на Европското првенство. Вечерва во Виена, Норвежанките славеа со 27:24 и успеаја да останат на врвот на табелата во новоформираната група „2“ заедно со Холандија, која исто така има максимален учинок во досегашниот дел од настапите.

Норвешка имаше подобар финиш во првото, и одлично отворање на второто полувреме што резултираше со предност од 4-5 гола разлика, кои беа пресудни за конечниот резултат. Скогранд со 7 гола беше најефикасна во победничкиот тим, додека кај Данска, Хансен постигна 6.

Standings provided by Sofascore

 

Унгарија многу полесно од очекуваното славеше над Црна Гора. На мечот во дебрецин, Унгарките пред своја публика со 26:20 дојдоа до нова победа со која стигнаа до четири бода и се израмнија со Франција на врвот на табелата.

Кљубер со 6 гола беше лидер во домашниот тим, додека кај Црна Гора, Јауковиќ постигна 5 погодоци.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноПерез: Колку пати да кажам дека и следната година ќе возам за ред Бул?
СледноБарселона лесно со ППД Загреб, Фуксе Берлин го доби дербито со Спортинг