Не можеше да мине мирно и да заврши есенскиот дел од ВМФЛ шампионатот како што треба. Денеска, во рамките од 15. коло во Каменица се сретнаа домаќинот Саса односно тимот на Скопје. Мечот беше прекина во 25. минута од второто полувреме кога беа нападнати претставниците на гостинската екипа. Мечот не се рестартираше и беше прекинат.
Од она што Спортспорт го дознава е дека мечот бил очајно организиран, имало премногу неслужбени лица околу теренот, а значаен момент е фактот што мечевите од ова коло се играа без гледачи.
Како што велат присутните, на трибината во Каменица имало гледачи на трибината, а обезбедување речиси и да не постоело.
Токму затоа, во старт мечот ќе биде регистриран со службени 0:3 за гостинот, а не дека прописите и правилата на ФФМ ќе застанат тука кога станува збор за Каменица Саса. За домаќинот на овој меч следат со сигурност уште неколку казни.