Несуденото мега – засилување на Гостивар означи крај на кариерата! (ВИДЕО)

1289

Толку беше од Нани. Некогашната мега – ѕвезда на светскиот фудбал на 38 години денеска и официјално кажа дека оди во играчка пензија.

Интересно, во изминатите преодни роково во мак – фудбалот, искусниот Португалец се споменуваше како засилување во Гостивар. Раководството на Гостивар тоа не го демантираше, напротив, дури и го подгреваше таквите шпекулации.

Но, Нани не дојде, а по ова тој никогаш нема да дојде во Гостивар како играч, можеби во некое друго својство.

Инаку Нани во својата кариера настапуваше за Спортинг, Манчестер Јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Лацио, Адана Демирспор а кариерата ја заврши како фудбалер на Естрела Амадора.

За репрезентацијата на Португалија одигра 112 натпревари и постигна 24 голови.

ПретходноМбапе предизвика “земјотрес“: Ако сака Дешамп нека ви каже, мене ми е забрането!
СледноЕП 2024: Франција и Унгарија си обезбедија полуфинале!