Фудбалска Битола денеска е во тага. Почина некогашниот играч, а потоа и тренер на ФК Пелистер, Бранислав Божиќ. Тој беше истакнат фудбалски работник во градот на Конзулите, со кого Пелистер испиша историја во деведесеттите години од минатиот век.
Божиќ беше тренер кога Пелистер прв пат избори пласман во Европа и ги имаше легендарните дуели со екипите на Хобшајд, Фролунда и Селта.
Беше предводник на една фантастична генерација на битолски фудбалери, кои што научија многу од него, и кои што потоа направија големи кариери, дел од нив стигнаа и до репрезентацијата на Македонија.
Божиќ потоа замиан за Канада каде што ги мина последните години од животот.