Македонскиот репрезентативец, Филип Талески и неговиот тим Бенфика ја прекинаа доминацијата на Спортинг, дојдоа до голема победа против актуелниот шампион на домашен терен од 38-34. За гостите ова беше прв пораз во тамшниот шампионат.
Иако Спортинг имаше позитива од два гола после првото полувреме, сепак Бенфика со цврста одбрана успеа да одигра одлично во одбраната и да дојде до големи бодови. Талески мечот го заврши со три гола, два од нив ги постигна во второто полувреме.
Спортинг и Порто ја делат првата позиција во португалскиот шампионат со 43 бода, четири помалку има Бенфика на македонскиот репрезентативец.
Инаку, Спортинг е во групата со Пелистер во Лигата на шампиони, македонскиот првак по завршувањето на паузата ќе се одмери силите токму со овој тим.