Вечерва во Лигата на Европа и Лигата на Конференции на програмата се мечевите од 6. и 5.коло.
Во терминот од 18.45 часот, Манчестер Јунајтед успеа да слави со 1:2 на гостувањето кај Плзен и да се спаси од срам. Имено чешкиот тим водеше со голот на Видра во 48.минута, но потоа следуваше пресврт за кој се погрижи Хојлунд и со два гола, во 62. и 88.минута му донесе победа на својот тим.
На останатите мечеви од ЛЕ се постигнаа следните резултати:
Рома – Брага 3:0, Хофенјахм – ФЦСБ 0:0, Лудогорец – АЗ Алкмар 2:2, Малме – Галатасарај 2:2, Олимпијакос – Твенте 0:0, ПАОК – Ференцарош 5:0, Ројал Унион – Ница 2:1.
Во Лигата на Конференции денот почна со победата на Челзи во Казахстан кај Астана со 1:3 и тоа во поларни услови.
Додека на останатите мечеви се постигнаа следните резултати:
Викингур – Ѓургарден 2:1, Башакшехир – Хајденхајм 3:1, Динамо Минск – Ларне 2:0, Копенхаген – Хартс 2:0, Фиорентина – Ласк 7:0, Хелсинки – Молде 2:2, Легија – Лугано 1:2, Ноа – Апоел 1:3, Олимпија – Серкл Бриж 1:4, Петрокуб – Бетис 0:1.