Миовски пред утрешната ждрепка: Данска, Романија, Луксембург и Сан Марино, ова е најдобрата група за Македонија на патот кон СП 2026!

3826

Утре точно на пладне во Цирих, ќе се одржи ждрепката за квалификациите за СП кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули 2026 во САД, Канада и Мексико.

Познато е дека Македонија се наоѓа во третиот шешир, за првпат во својата историја. Тоа значи дека ќе имаме две селекции во групата подобро рангирани.

Исто така познато е дека само првопласираните 12 селекции од секоја група одат директно на Мундијалот а уште четири низ баражи заедно најдобро рангираните од Лигата на Нации. Но за тоа потоа.

Специјално за “СпортСпорт“ во пресрет на утрешната ждрепка, своја желба ја кажа, за тоа кого сака за ривали во групата, Бојан Миовски.

Ова е посакуваната група на нашиот голгетер и напаѓач на Џирона:

Од првиот шешир не би имал ништо против тоа да биде Данска. Сигурно дека тука се најсилните селекции, но еве моја желба се Данците. Од вториот шешир нека биде Романија, од четвртиот Луксембург и од петтиот, ако сме во група со пет селекции, тоа да биде Сан Марино. Значи сакам група во која ќе се Македонија, Данска, Романија, Луксембург и Сан Марино“ посака Миовски.

Инаку ова се шеширите за утрешната ждрепка за квалификациите за СП 2026.

Image

ПретходноКапело: Гвардиола е одличен тренер, но е многу арогантен
СледноПанчев за голот на Милан: Лицемерие на западот, брука и срамота!