Денеска во 12 часот во Цирих ќе се одржи ждрепката за квалификациите за СП 2026 кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико од 11 јуни до 19 јули 2026 година. Познато е дека нашата репрезентација од третиот шешир ќе ја чека ждрепката за овие квалификации.
Во Цирих на ждрепката ќе присуствуваат селекторот Благоја Милевски и сеуште актуелниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини. Ќе видиме дали ќе донест среќа.
Македонија во минатите квалификации за СП 2022, заврши како втора во групата, зад Германија и играше бараж. Ја победивме Италија а во фиалниот бараж – меч бевме поразени од Португалија, па така Роналдо и компанија се најдоа во Катар а не Македонија.
Квалификациите стартуваат во март или наесен, во зависност од тоа во која група ќе се паднеме, во тие што ќе бидат со четири или во тие со пет селекции. Ова поради баражите во Лигата на Нации.
Познато е дека ќе има 12 групи а само победниците одат директно на СП. Второпласираните 12 селекции, заедно со четирите од ЛН ќе се најдат во баражи за останатите три селекции.
Инаку ова се шеширите во пресрет на денешната ждрепка:
ШЕШИР-1:
Франција, Шпанија, Англија, Португалија, Холандија, Белгија, Италија, Германија, Хрватска, Швајцарија, Данска, Австрија.
ШЕШИР-2:
Украина, Турција, Шведска, Велс, Полска, Унгарија, Србија, Грција, Романија, Норвешка, Словачка, Чешка.
ШЕШИР-3:
Шкотска, Словенија, Р. Ирска, Албанија, МАКЕДОНИЈА, Грузија, Финска, Исланд, С. Ирска, Израел, БиХ, Црна Гора.
ШЕШИР-4:
Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербјџан, Естонија, Кипар, Ф. Острови, Летонија, Литванија.
ШЕШИР-5:
Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн, Сан Марино.
Ако веќе мора да “бираме“ во која и каква група би се паднале, тогаш еве “СпортСпорт“ си одбра група во која покрај Македонија се и селекциите на Данска, Грција, Ф. Острови и Гибралтар.