Арсенал 2025 година ја започна со победа!

130
ФОТО: Arsenal/FB

Прв меч во Премиер-лигата, прв меч за Арсенал во новата 2025 година и веднаш победа. Вечерва во меч од 19.коло тимот на Микел Артета славеше со 1:3 на гостувањето кај Брентфорд.

Беше интересно и квалитетно фудбалско издание на двата тима.

Прво домашните поведоа со голот на Мбеумо во 13.минута, за да потоа се случи пресврт. Прво Жезус во 29.минута израмни на 1:1, потоа Мерино во 50.миниута донесе водство од 1:2 а Мартинели зголеми на 1:3 во 53.минута.

Со овие три бода сега Арсенал има 39 бодови и е на само -6 бода во однос на лидерот Ливерпул, но има и меч повеќе. Нотингем е трет со 37, па Челзи со 35…

Со овој меч се стави крај на 19.коло во Премиер-лигата. По 18 меча имаат само Евертон и Ливерпул кои допрва треба да го одиграат градското дерби кое беше одложено пред неколку недели и тоа поради невреме.

ПретходноЛа Лига: Барселона е тим со најмногу ВАР одлуки во нeјзина корист
СледноОд денеска Англија има нов селектор!