Репрезентацијата во 2024: Македонија убедливо прва во Ц-4 Лигата на Нации! Македонија покажа како се игра на резултат!

224

Лошо почнавме на пријателските, но затоа потоа се беше како што треба, барем резултатски, во продолжение од 2024 година. Македонија ја заврши 2024 година како освојувач на Ц-4 Лигата на Нации.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски беа убедливо први во конкуренција на Ерменија, Летонија и Ф. Острови. Едно реми и пет порази и само еден примен гол со постигнати 10 и на крајот со 16 бодови и дефинитивно се преселивме во Б-Лигата на Нации за следниот циклус.

Веројатно дека ќе се најдеме и во баражот за пласман на СП 2026 што секако дека ќе биде фантастичен успех.

Сепак не беше се така “мазно“, барем не на почетокот од годината. На четирите пријателски средби во март и јуни забележавме три порази и едно реми. Јавноста бараше успеси, селекторот Милевски потенцираше дека допрва ќе се види силата на таа генерација.May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and text

На крајот Македонија може да се каже дека и тоа како имаше успешна година. Некој ќе рече дека сме играле со слаби противници, но сепак треба да се знае дека Милевски не можеше да смета во повеќе наврати на сите свои избраници, мораше да се помири со фактот дека главните играчи не беа стандардни во своите клубови, очигледен беше нивниот пад во формата.

Но и таква Македонија покажа сила во Ц-лигата на Нации. Играчки не блескавме, но резултатски минавме фантастично, а нели во фудбалот најважни се резултатите.

По завршување на циклусот во Лигата на Нации Македонија урна неколку рекорди и тоа пет победи во низа без примен гол, седум меча без пораз на официјални натпревари, тука не ги сметаме пријателските.

Македонија, односно голманот Столе Димитриевски нема примено гол цели 531 минута. Тоа е рекорд на нашиот голман.May be an image of 2 people, people playing football, people playing soccer and text

Македонија во март ги стартува квалификациите за СП 2026. Имаме група по мерка. Тука се Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн. Реално оваа генерација на играчи може повторно да биде втора и по вторпат како втора во групата да се најде и официјално во баражот за пласман на СП. Новото раководство на ФФМ почна со градење на добра атмосфера во и околу репрезентацијата. Селекторот Благоја Милевски доби поддршка, се прават напори во тимот да се вратат Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Токму затоа и едвај го чекаме март и стартот на квалификациите за пласман на СП.

Пораката од новото раководство на ФФМ е сите да се обединиме околу А-репрезентацијата зошто само така може да се дојде до остварување на сонот, а тоа пласман на СП 2026 што ќе биде нешто нешто фантастично за фудбалска Македонија.

За младите селекции нема што многу да се дискутира, за таа У-21 селекција па ич. Фактот дека еден од првите потези на новото раководство на ФФМ беше смената за Драган Канатларовски кажува најубаво какви резултати имал тој како предводник на нашите надежи.

ПретходноОткако Србија заврши зад Македонија на ЕП ги врати двете искусни ракометарки!
СледноСрѓан Благојевиќ и официјално е нов тренер на Партизан