Новак Ѓоковиќ е СУПЕРМЕН! Новак е ВОНЗЕМЈАНИН! Новак е ШАМПИОН. СпортСпорт со таков наслов искочи попладнето на 4 август 2024 година. Сакавме на најдобар начин да го овековечиме историскиот момент на најдобриот тенисер во историјата, веројатно на еден од најдобрите спортисти во историјата.
И покрај тоа што бројките велеа дека тој е ГИГАНТОТ во тенисот, многумина наоѓаа замерки за тоа дека Србинот никогаше на освои злато на ЛОИ.
Ете на тој 4 август 2024 година во финалето на тенискиот турнир од ЛОИ во Париз, Новак Ѓоковиќ го победи Карлос Алкараз и на сите тие што велеа дека некој си Роџер или Рафа биле подобри, им ги затна устите.
Во 2024 имаше многу спортски настаниво сите спортови, имаше и ЕП во фудбал сотриумф на Шпанија, Верстапен ја продолжи доминацијата во Ф1, Синер беше топ-тема со трофеите во тенисот и со допингот, потоа ЛОИ беа тука, но солзите на Новак и радоста на сите негови фанови на тој 4 август беа моментот за вечно паметење.
Овој човек е СУПЕРМЕН! Овојк човек е ВОНЗЕМЈАНИН! Овој човек е ШАМПИОН!
Novakove suze sve govore. pic.twitter.com/YAuekdRvND
— SportSport (@sportsport) August 4, 2024










