Лацио не успеа ни против Комо да се израдува на прва победа во новата година (ВИДЕО)

48

Фудбалерите на Лацио не успеаја да се опорават од неодамнешниот пораз од градскиот ривал Рома и вечерва пропуштија шанса да ја забележат првата победа во 2025 година.

На домашен терен, Лацио одигра само 1:1 против Комо. Домашните тргнаа со водство во 34. минута кога Булаје Диа на додавање на Матео Гендузи донесе радост на трибините на „Олимпико“.

Сепак, во вториот дел се започна лошо за Лацио. Комо имаше повеќе играчи на теренот по исклучувањето на Лум Чана, па гостите успеаја да ја материјализираат предноса и да го израмнат резултатот преку поранешниот играч на Милан, Патрик Кутроне, за конечни 1:1.

ПретходноМанчестер Ј. сака да се „отараси“ од него, но Циркзе не сака да си оди
СледноШампионот триумфално во првото Бундес-дерби во 2025 година