Познат е конечниот пласман на Македонија на Евроволеј 2026! (ФОТО)

1
фото: CEV.eu

Со саботното крунисување на Полска за европски првак комплетирано е 34. издание на ЕвроВолеј 2026.

Финалето во Милано понуди нов спектакл во кој бранителот на титулата Полска и олимпискиот првак Франција уште еднаш потврдија зошто европскиот континентален собир го нуди најдоброто во светот на одбојката.

Сензацијата Финска стигна до бронзениот медал, прв во нејзината историја на ЕвроВолеј, додека Словенија финишираше во големата четворка.

Во генералниот пласман на ЕвроВолеј 2026, Македонија се најде на 20. место оставајќи ги зад себе Швајцарија, Израел, Холандија и Словачка. Со една максимална победа во групата Б, нашите одбојкари се најдоа во друштво на Турција и Шведска, кои имаа подобар сет-количник.

Во продолжение и комплетниот изглед на генералниот пласман:

ПретходноНа што спаднавме: Медиумите во Словенија со порака – Ако не ги победиме Македонците, кого ќе победиме?!