Манчестер Ј. сака да се „отараси“ од него, но Циркзе не сака да си оди

408
ФОТО: Manchester United/FB

Центарфорот на Манчестер Ј., Џошуа Циркзе не планира да го напушти Манчестер оваа зима.

Јувентус е сериозно заинтересиран да го врати 23-годишниот Холанѓанец на Апенините, но очигледно фудбалерот не сака назад. Засега Манчестер Ј. и Јувентус немаат напредок во преговорите за Циркзе.

Самиот играч им потенцирал на луѓето од управата дека сака да остане во Премиер лигата и да се докаже во Манчестер Јунајтед. Џошуа постигна четири гола и има две асистенции на 28 натпревари во сите натпреварувања оваа сезона.

ПретходноЦрвена звезда не застанува: Ти Џеј Шортс и Париз поразени во Белград
СледноЛацио не успеа ни против Комо да се израдува на прва победа во новата година (ВИДЕО)