За малку сензација: Тотенхем мораше да игра продолженија за да победи против петтолигаш во ФА Купот!

100

Денеска за малку ќе се случеше една од најголемите сензации во историјата на ФА Купот. Имено тимот на Тамворт, кој до пред две години играше во седмата лига во Англија, сега се бори за опстанок во петтата лига, ќе го елиминираше гигантот Тотенхем во третата рунда на ова натпреварување.

На крајот четата на Постекоглу успеа да победи со 0:3, но едвај и тоа во продолженијата со головите на Чикуна (автогол) во 101.минута, на Кулушевски во 107. и на Џонсон во 118.минута.

Треба да се каже дека во 90.и 90+3.минута домашните фудбалери имаа зицери за победа и за пласман во 4.коло во ФА Купот, но среќата не беше на нивна страна. Во продолженијата Тамворт едноставно падна физички и дури тогаш Тотенхем успеа да слави.

За малку ќе се случеше срамна елиминација на “спарси“.

ПретходноАврамовски стрелец на два гола за Болуспор!
СледноГоран Симов на клупата на Борец!