„Верстапен и со послаб болид ќе биде подобар од Хамилтон со Ферари“

363

Советникот на австрискиот Формула 1 тим Ред Бул, Хелмут Марко, смета дека светскиот шампион Макс Верстапен ќе го победи британскиот возач и нов пилот на Ферари, Луис Хамилтон дури и со просечен болид.

„Шарл Леклер е добар во квалификациите, но прави многу грешки на трките. Луис Хамилтон сè уште има темпо, но прашање е дали може да го задржи во текот на целата сезона? Имам мои сомнежи за ова. Дури и ако тој има добар болид во Ферари, а ние му изградиме просечен болид на Макс, јас би се обложил за сите пари на Макс“, вели Марко.

ПретходноБаер (Л) „крена раце“ од Алонсо, свесни се дека заминува во Реал
СледноЛШ: Луд пресврт во Париз, Феенорд го шокираше Баерн, Реал со „петарда“ за Салцбург (ВИДЕО)