Ал Ахли плати 50 милиони евра за Галено од Порто

41

Фудбалерот на Порто и бразилската репрезентација, Галено ќе биде нов играч на саудиски Ал Ахли. Ал Ахли му понуди 50 милиони евра на Порто за потписот на Бразилецот, а португалскиот клуб немаше ништо против да се ослободи од крилниот фудбалер.

Ова е најголем трансфер во историјата на саудискиот клуб кој летово за 42 милиони евра го доведе и поранешниот фудбалер на Брентфорд, Иван Тони. Ал Ахли исто така се интересираше и за потписот на Алекс Баена, но Шпанецот ја одби понудата и реши да остане во Виљареал.

ПретходноШок за Реал: Ромеро го направи невозможното на „Ел Прат“