Вистински земјотрес, “бомба“ во НБА. Имено Лука Дончиќ е трејдуван во ЛА Лејкерс, тоа ќе биде мега – трансферот во најсилата кошаркарска лига во светот. Ова значи дека еден од најспектакуларните кошаркари во НБА во иднина ќе игра заедно со Леброн Џејмс. Од друга страна Ентони Дејвис оди во Далас Маверикс.
Оваа вест ја лансираше ЕСПН повикувајќи се на свои извори, а тоа го потврдуваат и инсајдери од Лејкерси и Далас.
Инаку во самиот трејд врзани се три клуба.
Имено Дончиќ заедно со Клебер и Морис се селат во ЛА, додека од таму во Тексас се сели Ентони Дејвис и Макс Кристи.
Во овој трејд во некоја рака е вклучена и Јута која ќе го добие Џејлен Худ -Шифин од Лејкерси и два избори во втората рунда на годишниот драфт.










