Капитенот на младата фудбалска репрезентација на Македонија, Стефан Деспотовски, е нов член на српскиот прволигаш ОФК Београд. 22-годишниот дефанзивец во првиот дел од сезоната настапуваше за екипата на Шериф Тираспол, но го раскина договорот оваа зима и реши да ја прифати понудата на моментно третопласираната екипа во српската Суперлига.
Деспотовски претходно беше дел од младинските тимови на белградска Црвена Звезда, а настапуваше и за скопски Работнички.










