Скандал во Холандија: Фортуна со 12 играчи на теренот во последната минута постигна гол и се спаси од пораз!

260

Невиден скандал во Холандија, во тамошната елитна фудбалска лига. Имено на мечот меѓу Херенвен и Фортуна Ситард се играше 90.минута при резултат за домашните од 2:1. Следуваше гол на гостите преку Гут за 2:2. Дотука ништо необично ама потоа шок кога се виде дека во тој момент на теренот гостите имале 12 играчи, 11 во поле и еден голман. Значи еден повеќе. Што ли гледале судиите кога гостите ги пртавале измените?
Секако дека е тешко да се каже. Јасно беше дека тренерот на домашните славниот Робин ван Перси, беше гневен и шокиран.

ПретходноСензационално: Леброн си оди од Лејкерси по трејдот на Дончиќ во ЛА?!
СледноСП: Македонците Николов и Начевски ќе го судат мечот за 3.место!