Сензационално: Леброн си оди од Лејкерси по трејдот на Дончиќ во ЛА?!

2386

Уште една “бомба“ во НБА по веста дека Лука Дончиќ е трејдуван во ЛА Лејкерси а во Далас се сели Ентони Дејвис. За ова не знаел ниту Лука, а гневен бил и Леброн Џејмс кој исто така не знаел се за она што се случува на релација Далас – ЛА.

По се ова тој најавил дека нема намера да остане во Лејкерси и дека ќе оди во Голден Стејт.

Навистина шокантни вести доаѓаат од НБА.

Исто така се напоменува дека Лука Дончиќ бил шокиран од информацијата дека кариерата ќе ја продолжи во ЛА. Ова зборува за тоа дека раководствата на двата клуба трејдот го изработиле во најголема тајност.

Инаку јасно е дека Леброн со доаѓањето на Дончиќ ќе биде “загрозен“ во тимот. Словенецот ќе се прашува во нападот. Дали ова значи дека Лејкерси со други зборови му “објасниле“ на Леброн дека неговото време е истечено.

Инаку на веста за овој трејд на прашањето дали тој го одобрил заминувањето на Дејвис, Леброн кусо одговори:

“Тоа  е е**на лага“.

ПретходноРаботнички останува и без трет напаѓач: Али Регба потпишува за Марибор!
СледноСкандал во Холандија: Фортуна со 12 играчи на теренот во последната минута постигна гол и се спаси од пораз!