Познатиот и авторитетен американски инсајдер Марк Стајн на својата страница на социјалните мрежи објави дека 25-годишниот Лука Дончиќ би можел да дебитира за Лос Анџелес Лејкерс веќе на 9 февруари на мечот против Индијана Пејсерс.
Лејкерс и Далас го потврдија трејдот на Дејвис и Дончиќ. Според договорот за размена кој го направија овие два клуба со што ја шокираа светската кошаркарска јавност, покрај Дончиќ, во Калифорнија се очекува да заминат и Макси Клебер и Маркиф Морис. За возврат, покрај Дејвис, во Далас ќе дојде и Макс Кристи. Покрај тоа, Лејкерси ќе добијат пик од првата рунда на драфтот во 2029 година.










