Хрватска не успеа да приреди ново чудо, но има право да биде задоволна и горда со сребрениот медал. Оваа репрезентација приреди вистинско изненадување против Франција во полуфиналето, но во битката за златниот медал на СП против Данска беше немоќна.
Денеска двајца ракометари го одиграа последниот танц во дресот на Хрватска. Капитенот, Домагој Дувњак и Игор Карачиќ. Македонскиот зет, беше дополнително повикан откако неговата репрезентација ја снајде серија на повреди.
„Воопшто не сум тажен. Беше прекрасно да се дели теренот, соблекувалната и хотелот со овие момци сите овие денови. Пресреќен сум. Можеби на крајот можеше да биде малку подобро чувство, но јас не можев да посакам ништо подобро од тоа, да се збогувам со медал и мирно да ја оставам репрезентацијата на овие момци.
Би можел да зборувам и да кажам многу за натпреварот, но не сакам да навлегувам. Имав измешани чувства. Го видов Дуле како плаче на почетокот. Се насмеав и сакав секој момент што го поминав овде да остане убав спомен. Резултатот не требаше да биде ваков, но ќе ја паметам секоја минута што ја играв во финалето и на овој турнир. Им благодарам на навивачите што дојдоа.
Секој медал ми е драг, но овој не го очекував. Би можело да се напише книга за тоа што се случуваше. Најважно е што завршивме во Хрватска како што сакавме, со победа го израдувавме нашиот народ. На крајот не успеа, среброто е тука. Ги обединивме сите, го вративме ракометот таму каде што му е местото, а сѐ уште имаме материјал да се бориме за вакви работи на секое првенство“, изјави Карачиќ.
Тој со Дувњак заедно ја почнаа приказната во репрезентативниот дрес, заедно ја завршуваат.
Со мојот брат, мојот капитен Домагој Дувња поминавме толку многу заедно. Заедно со злато влеговме во репрезентацијата во 2006 година во Естонија, заедно се збогуваме, се надевав на злато, но тоа засекогаш ќе ми остане во сеќавање“, рече тој.










