Чудото блиску, а сепак далеку: Вардар победнички се одјави од европската сцена, Монпеље оди на Ф4 (ФОТО)

860

Вардар 1961 одигра ѓаволски добро против Монпеље во реванш мечот од четвртфиналето во Европската лига, но за жал не успеа да ја надокнати негативата од десет гола. Избраниците на Иван Чупиќ се бореа за секоја топка како што најавија, славеа со 27-24 во последниот европски меча оваа сезона.

Малус имаше шест погодоци, Да Силва и Воркапиќ по четири погодоци.

Иако „црвено-црните“ имаа тешка задача, сепак салата беше речиси полна, ракометарите на македонскиот тим ја добија посакуваната поддршка. На Монпеље му беше јасно дека нема да мине лесно, бидејќи точно знаеше пред каква атмосферата ќе игра. Како што најави Иван Чупиќ во составот се вратија Хориха и Малус.

Тензии имаше уште на стартот на првото полувреме. На стартот на 20-та минута Митровиќ заработи црвен картон поради груб старт врз Порт, по што жолт картон му беше доделен на Чупиќ, на момент зовреа страстите на двете страни. Вардар во 12-та минута поведе со 6-3, предност која ја имаше на средината на првото пполувреме (7-4). Токму пред исклучувањето на Митровиќ, Вардар со два гола во низа на Воркапиќ и по одбрана на Валах дојде на плус пет (12-7), водеше и со 13-8, но гостите брзо ја стопија оваа предност и не дозволија истата да расте. Сепак на одморот Вардар успеа да замина со предност од пет гола (17-12).

Хориха на стартот на вториот дел зголеми на 18-12, Валах запиша одбрана, но Лазаревски не успеа да реализира за плус седум. Две минути подоцна тоа го стори Да Силва, зголеми на плус седум (20-13). „Црвено-црните“ лавовски се бореа на теренот, на стартот на 40. минута Воркапиќ од седум метри повторно донесе плус 7 (21-14). Од овој момент гостите направија мини-серија од 4-1 за 22-18 на средината на второто полувреме. Чупиќ повика тајм-аут, но истиот не вроди одма „плод“. На вардарци им требаше време за да „поентираат“.

Чупиќ проба со „седум на шест“ во нападот, со два гола во низа, Вардар зголеми ба 25-19 во 52-та минута. Ова беше период во кој противникот беше без идеја во нападот. Сепак Монпеље не дозволи целосен пресврт, го контролираше резултатот и со пораз завери место на Ф4.

Вардар нема многу време за тагување, бидејќи во четврток на домашен терен го пречекува Пелистер во дербито на колото во плеј-офот, меч кој сака да го добие и на тој начин да ја потврди титулата на првак.

ПретходноПорто го купи Кивиор од Арсенал за 17 милиони евра
СледноЛШ: Арсенал по 20 години повторно ќе игра финале, Сака е херојот на Лондон (ВИДЕО)