Филип Кузмановски е петти стрелец на Светското првенство!

1376

29-то Светско првенство и официјално заврши. И на овој шампионат нема промени на врвот, Данска по четвртти пат во низа се искачи на тронот, што е пак апсолутен рекорд, во финалето ја совлада Хрватска со 26-32.

За Македонија овој Мундијал беше повеќе од успешен. Кирил Лазаров и неговите избраници завршија на 15-место, имаа блескави партии, ги делеа милиметри од пласман во 1/4 финалето. Она што е најважно е дека покажаа дека Македонија има иднина, дека новата генерација која доаѓа игра храбро и борбено.

Покрај пласманот, во вкупната статистика на постигнати голови високо котира капитенот, Филип Кузмановски, кој шампионатот го завршува како петти стрелец во светот. Кузмановски на шест меча постигна 49 гола и долго време беше на врвот.

Прв стрелец е Матијас Гидсел со 74 гола. Рекордот на најмногу постигнати голови останува во сопственост на Кирил Лазаров, кој во 2009 година стигна до бројката 92.

ПретходноИнтер во самиот финиш се спаси од пораз во дерби „Де ла Мадонина“
СледноШкупи подобар од ТФТ, гостите нанижаа три порази во последните пет меча