Шкупи подобар од ТФТ, гостите нанижаа три порази во последните пет меча

105

Кошаркарите на ТФТ претрпеа пораз на мечот со Шкупи во рамките на 16. коло од домашното првенство со 87-82. За ТФТ кој амбициозно влезе со МЗТ Скопје А. во трката за првото место, ова беше втор пораз едноподруго, односно трети во последните пет средби во првата Мтел лига.

Шкупи успеа да ја оствари својата цел со одлична игра во првото полувреме, кога успеа да го запре нападот на ТФТ и да замине на пауза со предност од 7 поени (40:33).

Во вториот дел видовме прилично израмнета борба, ТФТ се врати во игра во третиот период, но не успеа до крај да го сврти рфезултатот во своја полза. домашните имаа одличен во вед во последната четвртина успевајќи да дојдат и до највисока предност од +15 (80:65), што беше јасен знак дека ќе ја остварат посакуваната победа.

Сила со 24 поени беше најефикасен во домашниот тим, додека кај ТФТ, Стојановски беше прв стрелец со 22 поени.

ПретходноФилип Кузмановски е петти стрелец на Светското првенство!
СледноДеспотовски е нов фудбалер на ОФК Београд