Арне Слот по сензационалната елиминација во ФА Купот: Ливерпул немаше свој ден!

113

Иако не играше со најсилниот состав, ретко кој можеше да претпостави дека Ливерпул уште во 1/16 финалето ќе биде елиминиран во ФА Купот и тоа од еден Плимут. Тие 1:0 за домашниот тим се светска фудбалска сензација.

Секако дека тренерот на “Редси“, Арне Слот и не беше којзнае како расположен да дава коментари за овој натпревар:

Ние немавме свој ден. Плимут одигра одличен меч и во целост ја заслужи победата. Не можам да кажам дека нашите момци не се бореа, сепак сакам да кажам дека на вакви мечеви одлулчува еден момент“ рече покрај другот Холанѓанецот.

Инаку и покрај елиминацијата во ФА Купот има шанси да дојде до три трофеио на крајот од оваа сезона. Во ПЛ е лидер и тоа со голема бодовна разлика, во ЛШ се пласира во 1/8 финалето а во Лига Купот се пласира во финалето каде за пехарот ќе игра против Њукасл.

ПретходноСе мајтапат со Тотенхем: Ние продадовме 78 милиони пици откако вие го освоивте последниот трофеј!
СледноНеста повторно е тренер на Монца