Грчката кошаркарска ѕвезда, Јанис Адетокумбо, уште еднаш направи споредба меѓу Евролигата и НБА лигата. Објаснувајќи дека Евролигата можеби не е поквалитетена, но е поинтересена од она што се случува во НБА.
„Евролигата е неверојатна. Многу, многу силна. Веројатно две, три, можеби четири од најдобрите тимови во Евролигата можат да играат и во НБА. На пример, тимот за кој играше мојот брат, Панатинаикос, има девет играчи кои беа тука. Уживам да ја гледам Евролигата, повеќе отколку НБА, но нивото сè уште не е исто. Најдобрите во НБА – Денвер, Оклахома Сити, Бостон – би ги уништиле тимовите од Евролигата. Ако играат според правилата на ФИБА, можеби ќе имаат шанса, но исто така, ако играат според правилата на НБА, ниту еден тим нема да може да направи ништо“, вели ѕвездата на Милвоки.