Во 1/8 финалето од ФА Купот, Манчестер Сити со 3:1 славеше над Плимут и со тоа се пласира во следната фаза, и со тоа ја заврши бајката на клубот од Чемпионшип кој на клупата го има Босанецот Мирон Муслиќ.
А дека Пеп Гвардиола е голем господин се покажа уште еднаш. Имено со оглед на тоа дека менаџерот на Сити знае дека Муслиќ е муслиман, тој во својата канцеларија по мечот го пречека својот колега со Фанта.
„Мирон, да заборавиш на вино, во мојата канцеларија те чека Фанта“ му кажа Пеп на Муслиќ пред почетокот на средбата.
Така и беше, по мечот Босанецот и Пеп убаво се дружеа, си имаа што да кажат. Мирон пиел фанта, а неговите помошници вино.
Инаку овој потег на Пеп доаѓа откако ја прочитал изјавата на Муслиќ по мечот со Ливерпул кога Плимут направи сензација…
“Сега ќе си одам дома и со Фанта малку ќе одморам“.
По ова Пеп знаеше што треба да прави, посебно ако се знае дека Босанецот е муслиман.
Кога сме кај дружењата по средбите на двата тренери со по некоја чаша вино во канцеларијата на домашниот стратег, тоа е вообичаено во најсилните лиги во Англија.
🏴 L'ancien coach du Cercle de Bruges, Miron Muslic, avec Pep Guardiola ! 🤝
📽️ @EmiratesFACuppic.twitter.com/3SXXUgK7UY
— Diables Rouges Actu 🇧🇪 (@DiablesActu) March 1, 2025










