Тимот на Валенсија се мачи сезонава да обезбеди опстанок во Примера. Клубот на нашиот Столе Димитриевски е далеку од она што треба да биде во моментов, и „Љиљаците“ во моментов со сите сили се обидуваат да испливаат од кризата. Голем дел од јавноста го обвинува сопственикот на клубот за сето ова, сингапурскиот бизнисмен Питер Лим.
Тој пак, во обид да ја поправи ситуацијата во клубот, го постави син му за претседател.
Куат Лим е директор на Валенсија од 2022 година, сега на претседателската функција ја наследува бизнисменката Лаихун Чан, а нејзиното место ќе го заземе од 5 март.










