Аморим со бизарна изјава: Наша цел е да ја освоиме Премиер-лигата

175

Манчестер Јунајтед беше елиминиран во осминафиналето на ФА Купот од Фулам, по лошото изведување пенали. По мечот, пред новинарите застана тренерот на „црвените ѓаволи“, Рубен Аморим и даде многу бизарна изјава.

„Целта е да ја освоиме англиската Премиер-лига. Знам дека губиме натпревари и трофеи оваа сезона. Велам, не знам колку време ќе биде потребно, но нашата крајна цел е да го освоиме трофејот во Премиер лигата“, изјави Аморим.

Изјава која навистина привлекува внимание, а веќе наиде на бурни реакции од фановите на социјалните мрежи.

Манчестер Јунајтед моментално се наоѓа на мизерното 14. место во Премиер-лигата. Единствената надеж на „црвените ѓаволи“ за трофеј оваа сезона е Лигата на Европа, каде за четири дена ги очекува осминафинале против Реал Сосиедад.

ПретходноНејмар постигна голчиште од слободен удар, па го облеа „ладна пот“ (ВИДЕО)
СледноРамос го постигна првиот гол во Мексико и го заработи првиот бонус (ВИДЕО)