Навивачите на Јувентус протестираат против тимот (ВИДЕО)

134

Група навивачи на Јувентус протестираа против тренерот, тимот и управата на клубот. Приврзаниците го изразија своето незадоволство од перформансите и менаџирањето на „Старата дама“. Тие синоќа се појавија пред хотелот во кој беа сместени играчите. Се очекува протестот да продолжи и за време на денешниот натпревар против Верона, иако по ремито на Наполи и Интер и киксот на Аталанта, избраниците на Тиаго Мота би можеле да се доближат до лидерите.

Ултрасите на Јуве најавија дека ќе протестираат пред и за време на натпреварот и останаа на зборот. Тие маршираа до тимскиот хотел во близина на стадионот Алијанц. Навивачите носеа транспарент на кој пишуваше „Ние сме Јувентус“. Некои од скандирањата вклучуваа и навреди кон тренерот Теога Мота.

Претходно“Соседското“ дерби меѓу Работнички и Вардар се игра на ФФМ!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 21.КОЛО: Ибиши блескаше на Чаир