ТИМ И ИГРАЧ НА 21.КОЛО: Ибиши блескаше на Чаир

298

Џемал Ибиши вчера на мечот со Пелистер одигра одлично. Напаѓачот на Шкупи беше стрелец на два од трите гола на својот тим, уште поважно некогашниот голем талент на мак-фудбалот блескаше на задоволство на фановите на чаирскиот клуб кој е во победничка серија.

Токму затоа “СпортСпорт“ го прогласи Ибиши за играч на ова 21.коло, а покрај него во тимот на колото од Шкупи е и Ајетовиќ. Покрај нив во идеалниот состав на 21.коло во ПМФЛ се и Василев (Гостивар), Рашид (Работнички), Незири (Беса), Алхасан и Р. Рамадани (Шкендија), Маронг и Хрвановиќ (Силекс), Виноградац и Осеи (Воска).

ИГРАЧ НА КОЛОТО

ЏЕМАЛ ИБИШИ

Тим: Шкупи

Роден: 18.01.2001 во Скопје

Кариера: Вардар, Локомотива Загреб, Дубрава, Оријент, Тиквеш, Шкупи

ПретходноНавивачите на Јувентус протестираат против тимот (ВИДЕО)
СледноПоследен меч на Пелистер во ЛШ, билетите од денеска во продажба