Последен меч на Пелистер во ЛШ, билетите од денеска во продажба

182

Екипата на Пелистер во четврток го игра последниот натпревар во Лигата на шампиони. Актуелниот македонски првак на домашен терен го пречекува тимот на ПСЖ во рамките на 14. коло во групната фаза.

Пред овој дуел, Пелистер има осум бода, без шанси за пласман во плеј-офот, но и покрај тоа ракометарите сакаат да приредат уште една добра партија пред своите фанови и тоа против францускиот тим предводен од Раул Гонзалес.

Пелистер има три победи, две ремија и осум порази, и може да биде задоволен, бидејќи оваа сезона одигра многу подобро.

Билетите за оваа средба ќе бидат пуштени во продажба денеска.

ПретходноТИМ И ИГРАЧ НА 21.КОЛО: Ибиши блескаше на Чаир
СледноИсмаили е најмладиот дебитант во историјата на Шкупи