Според “СпортСпорт“ тренер на ова 21.коло е Јетон Беќири од Шкендија. Вчера неговиот тим имаше исклучително тежок меч со Тиквеш под Шара, кој на крајот тетовци го добија со 1:0 и освоија три големи бода. Сега Беќири со својата Шкендија и дефинитивно става до знаење дека оди и тоа како по титулата. Има убава бодовна предност пред конкурентите, Шкендија знае како се победува и како се освојуваат бодови.
Колку за потсетување, Беќири и Шкендија во првите три пролетни кола освои максимални девет бода и успеа да се пласира во 1/2 финалето во Купот на Македонија.
Ете затоа тој е тренер на колото според „СпортСпорт“.















