Гостивар славеше среде Гевгелија!

130

Вечерва во Гевгелија, во последниот меч од 18.коло во нашата елитна кошаркарска лига, Гостивар како гостин успеа да го победи Кожув со 105:102. Можеби мало изненадување ако се знае каде беа овие две екипи на табелата пред оваа средба.

Ова беше седма победа за гостиварци и осми пораз на Кожув сезонава.

Интересен дуел во секој случај. По првите две четвртини беше израмнето, со резултатски егал се замина на пауза, откако првата четвртина домашните ја добија со +3 поени, а во втората тоа го направија гостите.

Се играше подобро во нападот, одбраните не беа на ниво. Дури во третата четвртина гостинските кошаркари осетно резултатски се “одлепија“ и затоа во последната четвртина влегоа со разлика од +10 поени.

Во продолжение од мечот гевгеличани со крајни напори се обидоа да ја анулираат таа разлика, стинаа и до -4 поени на 1,09 минута до крајот, па и на -3 поени на 37 секунди до крајот. Сепак на крајот Гостивар знаеше како да одигра до крајот и да дојде до победата.

Кога сме кај поентерите кај поразениот тим Колев со 34 поени беше и најефикасен на средбата, додека кај победничкиот состав најефикасен беа Митевски и Елис со по 23 поени.

ПретходноЦ. Звезда ќе игра со жолти дресови! (ФОТО)
Следно„Сити Парк Бојс“ до својот Работнички: За вас и ова е многу! (ФОТО)