Група навивачи на Јувентус протестираа против тренерот, тимот и управата на клубот. Приврзаниците го изразија своето незадоволство од перформансите и менаџирањето на „Старата дама“. Тие синоќа се појавија пред хотелот во кој беа сместени играчите. Се очекува протестот да продолжи и за време на денешниот натпревар против Верона, иако по ремито на Наполи и Интер и киксот на Аталанта, избраниците на Тиаго Мота би можеле да се доближат до лидерите.
Ултрасите на Јуве најавија дека ќе протестираат пред и за време на натпреварот и останаа на зборот. Тие маршираа до тимскиот хотел во близина на стадионот Алијанц. Навивачите носеа транспарент на кој пишуваше „Ние сме Јувентус“. Некои од скандирањата вклучуваа и навреди кон тренерот Теога Мота.
Iniziata la contestazione all’esterno del #JHotel: i tifosi ⚪️⚫️ ora in marcia verso il ritiro pic.twitter.com/uZ5Uynb0vz
— ilBiancoNero (@ilbianconerocom) March 2, 2025










