Ужас за Далас: Повредениот Ирвинг го донесоа до линијата за слободни! Шеј Гилџес – Александер броеше до 51! (ВИДЕО)

534

Нови ужасни вести за Далас по заминувањето на Лука Дончиќ во ЛА Лејкерс. Се повреди главниот кошаркар, Кајри Ирвинг по што мораше предвреме да го заврши мечот со Сакраменто кој Мавси го загубија со 98:122. Сепак Ирвинг направи потег со кој ги воодушеви фановите на Далас. Ѕвездата на Далас откако го повреди коленото инсистираше да ги изведе слободните фрлања во таа прва четвртина, па така две лица од неговиот тим го донесоа до линијата за слободни фрлања, по што шутираше. Ова мораше да го направи со цел за да добие шанса подоцна да се врати на паркетот.

Ова е втора тешка повреда за Далас во последно време по таа на Џејден Харди.

Покрај овој натпревар утринава се одиграа уште неколку во НБА а се истакна и тоа како Шеј Гилџес – Александер во победата на Оклахома против Хјустон. Канаѓанецот за победничкиот тим успеа да уфрли 51 поени, притоа имаше и пет скокови и седум асистенции. Оклахома – Хјустон на крајот беше 137:128.

На останатите средби се постигнаа следните резултати:

Шарлот – Голден Стејт 101:119, Филаделфија – Портланд 102:119, Мајами – Вашингтон 106:90, Мемфис – Атланта 130:132, Јута – Детроит 106:134.

ПретходноФА Куп: Нотингем е последниот четвртфиналист!
СледноПотешко не можеше: Пеколна ждрепка за Новак на Индијан Велс!