Филип Ивиќ пред дуелот со ПСЖ: Пелистер покажа дека може да игра со големи екипи!

72

Утре во 20.45 часот во салата “Боро Чурлевски“ во Битола, за крај на годинашната сезона во Лигата на Шампионите, вистинско ракометно уживање. Нашиот шампион, тимот на Пелистер против ПСЖ, против ѕвездениот тим на Раул Гонзалес, некогашниот стратег на Вардар и селектор на Македонија.

Јасно е дека салата во Битола е распрададена, се очекува вистински спектакл. Пелистер во последно време игра добро, оваа сезона е далеки подобар во ЛШ од минатата, а за тоа што може да се очекува свој комемнтар има голманот на Пелистер, Филип Ивиќ:

Натпреварот нема голем значење, но морама да го оставиме срцето на терен, посебно заради прекрасната публика која ни дава поддршка цела сезона. Еве пак е распродадена салата за натпреварот против ПСЖ, што е убаво да се чуе. Сезонава играме многу добро во Лигата на шампионите, собравме осум бодови, така да ветувам дека ќе оставиме срце на терен. ПСЖ е една од најдобрите европски екипи, многупати сум играл против овој тим и добро ќе се подготвиме. На последните натпревари покажавме дека можеме да играме против големите екипи и со добра тактика во нападот и борбеност во одбрана, верувам во квалитетен натпревар.

Овој натпревар треба да ни биде награда за оваа сезона и за тоа што собравме осум бодови во квалитетно одиграни натпревари. За нас овој натпревар има големо значање и сакаме да покажеме дека никој не е фаворит во Битола“

ПретходноБунт во Евролигата: Атаман и Пао не сакаат да слушнат за новата идеја!
СледноЛШ 1/8 финале: Спектакл во Париз – Дембеле VS Салах, Барса гостува во Лисабон, германско дерби во Минхен…